Македонија

Кои македонски политичари ги признале грешките кон Албанците сторени пред три децении

Две групи политичари на оваа тема

Кои македонски политичари ги признале грешките кон Албанците во деведесетите години од минатиот век открива екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини.

Хајредини кој беше дел од владата на Бранко Црвенковски македонските политичари во поглед на односот кон Албанците ги дели во две категории.

Во едната група се двајца екс премиери и еден спикер на Собранието.

Во втората група се првиот претседател на Македонија и човекот кој е единствен од сите кој постојано е присутен во јавноста.

,,Грешките во политиката спрема Албанците во деведесеттите, јавно ги признаа Бранко Црвенковски, Стојан Андов и Љубчо Георгиевски, но не Глигоров и Фрчковски”, објавува Хајредини.

Единствениот кој се уште е интензивно присутен во јавноста, Фрчкоски, се смета за идеолог на СДСМ и главен советник на лидерот Венко Филипче.

Неговиот син е еден главните портпароли на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top