Македонија

Кој екс министер од СДСМ се јавувал во штипската полиција за спас на дискотеката на смртта во Кочани

Зошто во објавата на ИРЛ ги нема функционерите на СДСМ кои се споменуваат во комуникацијата за Пулс

Екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се јавувал во штипската полиција со цел да издејствува спас на дискотеката на смртта во Кочани.

Ова го открива Плусинфо во објава за деловите од извештајот за телефонската комуникација кои ги објави ИРЛ се во кои не се обелоденети комуникации со видни членови на СДСМ.

Во деловите кои ги нема во објавата на ИРЛ ја нема комуникацијата меѓу синот на газдата на Пулс и човек близок на Оливер Спасовски.

,,Многу интересен пример од тој извештај. На 17 февруари 2022 година, синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, се јавува до извесна Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски (тогаш министер за внатрешни работи) се јавувал во полицијата во Штип, за таму да ургира за дискотеката („Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“)”, објавува Плусинфо.

Во разговорот кој од непознати причини не го објавува ИРЛ Бојана го прашува Михаил зошто се јавувал Оливер Спасовски, дали за да ја намалат казната.

,,За каква казна станува збор? Во претходен разговор, Михаил ѝ кажува на Бојана дека добил информација за казна која требало да им биде наплатена од УЈП, во висина од 40.000 евра. Михаил ѝ објаснува на Бојана дека ургенцијата била со цел да не им досадува полицијата и дека тоа не било полицијата од Штип (се мисли на СВР Штип), туку проблемите биле од полицијата од Кочани”, пишува порталот.

Зошто ИРЛ не ги објавува разговорите во кои се споменуваат високи претставници на СДСМ кога тие се на власт засега не е познато.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top