Македонија

Промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“

Подвигот на македонскиот кардиолог и планинар овековечен во марката издадена од „Македонска пошта“

Најавената пригодна поштенска марка во чест на подвигот на Сашко Кедев, првиот Македонец што ги искачи сите 14 највисоки планински врвови во светот, денеска е промовирана од „Македонска пошта“.

На неа е овековечена стандардната поза на кардиологот со шалот со натпис „Македонија“ и со македонското знаме во неговите раце при освојувањето на врвовите Монт Еверест (8.848 м), Манаслу (8.163 м), Даулагири (8.167 м), К2 (8.611 м), Броуд Пик (8.047 м), Анапурна 1 (8.091 м), Нанга Парбат (8.126 м), Чо Оју (8.188 м), Макалу (8.463 м), Лоце (8.516 м), Гашербрум 2 (8.035 м), Шишапангма (8.027 м), Канченѕунга (8.586 м) и Гашербрум 1 (8.080 м) по тој редослед меѓу 2009 и 2025 година.

     

         

           

          Најнови вести од: Македонија

          Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

          Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

          Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

          Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

          Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

          Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

          To top