Македонија

Кој го намести Еди Рама за албанската химна во македонскиот Пустец?

Објавена видеоснимка на која се гледа дека некои фактори меѓу кои и албанските тајни служби го излажале Еди Рама за македонскиот фестивал

Албанскиот премиер Еди Рама бил погрешно информиран од страна на своите јавни и тајни служби и доведен во заблуда шо што дал неточна изјава врз основа на лажна вест.

Рама мислел дека немало интонирањето на албанската химна во Пустец што го нарече ненамерен пропуст и „значајна пародија“ на политичарите од регионот.

Наводниот инцидент се случи во пред неколку дена за време на фолклорниот фестивал „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, а каде биле изведени и македонската и албанската химна.

Во појаснувањето за јавоста од еден од организаторите на наатанот Едмонд Темелко тој приложува докази кои покажува дека некој го излажал Еди Рама.

, Во четвртокот, за време на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, беше создадена една лажна слика од страна на дел од албанските медиуми и од неколку албански политичари, па дури и од премиерот на Албанија.

Тврдењето дека албанската национална химна не била изведена е невистинито.

Како еден од организаторите на фестивалот, најостро го демантирам ова тврдење и тоа го правам врз основа на факти и конкретни докази. Зашто, пред фактите, мора да замолчат и политичките толкувања.

За да ја потврдам вистината, јавно објавувам два материјали:

– мое интервју дадено за националниот јавен сервис на Албанија, РТШ;
– целосна видеоснимка на која јасно се слуша и се гледа изведувањето на албанската национална химна”, вели Темелко според кого важно е да се појасни и уште едно прашање.

,,Организаторското здружение немаше одговорност за утврдувањето и спроведувањето на државниот протокол. Согласно албанското законодавство, организаторското здружение не сноси никаква правна или административна одговорност за непочитување, промена или евентуален пропуст во спроведувањето на државниот протокол, бидејќи неговото утврдување и спроведување не се во рамките на неговите надлежности или јурисдикција.

Протоколот за посети и активности на високо ниво е прашање со кое се занимаваат надлежните институции, особено кога станува збор за официјални посети и учество на високи државни претставници.

Премиерот на Македонија беше поканет од нас, како организатори на фестивалот. Сепак, организацијата на еден културен настан не треба да се меша со институционалните одговорности поврзани со државниот протокол.

Истовремено, токму поради почитта што ја имаме кон албанската заедница и кон односите меѓу двете земји, ние самите донесовме одлука да биде интонирана и албанската национална химна.

Химната на Македонија беше изведена од фолклорната група „Гоце Делчев“ од Битола, додека ние одлучивме, како знак на почит кон земјата домаќин и кон албанската заедница, да биде интонирана и албанската национална химна.

Значи, фактите се јасни:

Албанската национална химна беше изведена.

Немаше никаква намера да се навреди, исклучи или провоцира кој било.

Напротив.

Нашата цел била и останува соживотот, меѓусебната почит и зачувувањето на добрите односи меѓу Албанците и Македонците, што низ годините сме го потврдувале со дела.

Не сакаме еден фолклорен настан, чија цел беше да ги обедини луѓето преку културата, традицијата и историјата, да се претвори во извор на тензии или политички толкувања.

Затоа, пред да се упатуваат обвинувања и да се даваат јавни изјави, бараме фактите да бидат проверени”, порачува Темелко кој апелира културните фестивали да нè обединуваат, а не да нè разделуваат.

Ние сме биле и ќе продолжиме да бидеме за почит, соживот и добри односи меѓу Македонија и Албанија, заклучува Темелко.

Видеото со албанската химна поради кое се “излизга” Еди Рама

Најнови вести од: Македонија

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Околу 40 илјади граѓани во Македонија имаат дијабетес без поставена дијагноза

Околу 135 илјади граѓани во Македонија живеат со дијабетес, од кои 4.000 имаат дијабетес тип 1. Дополнително, се проценува дека речиси 40 илјади лица ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. – За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека […]

Вештачката интелигенција ќе има задача да ги открива нерегуларностите во јавните набавки

Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид и квалитетот и другите карактеристики на понудите. Предвидено е институциите што планираат повеќе од три […]

Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во кај нас, бидејќи СДСМ нема повеќе политичка визија, ниту доверба кај граѓаните

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, соопшти движњето.   Причина за преминот, според ЗНАМ, […]

To top