Македонија

Рама контра Бугарија за Македонија: Нема смисла земја од ЕУ да блокира земја-кандидат од билатерални причини

За албанскиот премиер, „многу лицемерно“ и „лудило“ е да не се остави преговорите да завршат, па да се каже дека има уште нешто

Албанскиот премиер Еди Рама одново застана на страна на Македонија во однос на Бугарија и нејзиното условување на македонската евроинтеграција, поради кое таа не може да ги почне преговорите за членство.

„Се надевам дека Бугарија ќе биде пофлексибилна со Северна Македонија за да им дозволи да преговараат, бидејќи има нешто многу лошо, многу лоша навика во Европската унија да се земаат заложници. Ова е земање заложници, а не киднапирање, за внатрешна политика. За внатрешна политика, една земја зема друга земја како заложник и ја претвора во чинија за јавното мислење, знаете, во кујната.

Се надевам дека Северна Македонија ќе има нормален пат барем за преговорите, бидејќи за мене нема смисла земја од ЕУ да ги блокира преговорите со земја што сака да се приклучи на ЕУ од некои билатерални причини, што може да биде многу легитимно, но тоа не е причина за да ги блокирате преговорите. Ги оставате преговорите да продолжат и кога одлуката за членство ќе дојде во последен момент, можете да кажете не, има нешто што треба да се одлучи. Но, ова е многу политичко, многу лицемерно, лудило“, рече Рама на конференцијата „Албанија: Нови хоризонти“ во Виена, посветена на промовирање на Албанија како претпочитана дестинација за стратешки инвестиции.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top