Македонија

Кој и зошто го злоупотребува Црвенковски во ,,Кумановската битка” меѓу СДСМ и ЗНАМ

Министерот Минчев го убива туѓиот срам

Министерот за администрација Горан Минчев открива зошто екс градоначалникот на Куманово од СДСМ Зоран Дамјановски Циц го злоупотребува екс претседателот Бранко Црвенковски во ,,Кумановската битка” меѓу СДСМ и ЗНАМ

Според Минчев кој е екс генерален секретар на СДСМ Циц преку злоупотреба на Црвенковски сака да направи поени за кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Мартин Костовски.

„Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија? Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од ‘љубовта’ кон СДСМ?“

Ова е пораката од Горан Минчев, вториот човек на ЗНАМ, до Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. Минчев и Циц одлично се познаваат од времето кога двајцата беа влијателни членови на некогаш моќниот СДСМ.

 

 

Минчев е политички коректен и не открива што се случувало меѓу Циц и Максим Димитриевски. Само вели дека ќе се воздржи од коментар за тоа дали Циц се нудел на ЗНАМ, „од почит кон едни други времиња“.

Во пораката до некогашниот сопартиец Минчев вели дека Циц не треба да биде потрчко на Заев и Филипче со тоа што ќе ја води цената кампања против Максим Димитриевски.

„Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила (Шеќеринска) претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!

Не го мешај Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш!

Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!“

Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.

„Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации. Времето на старите политички трикови заврши!“, порачува Минчев кој беше генсек на партијата кога во неа на раководни позиции беа интелектуалци, професори и научници.

Според анализите и општите анкети за популарноста на партиите и лидерите кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово Костовски има само теоретски шанси да го победи Максим Димитриевски.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top