Македонија Бизнис

Кој ќе биде новиот Гувернер на Народната банка?!

Зоран Ставрески, Трајко Славевски и Анита Ангеловска Бежоска, ова се главните кандидати за гувернер на Народната Банка. До крајот на неделава ќе се знае кандидатот кој ќе добие поддршка и од власта, а на 20ти месецов ќе има и официјален избор во собранбието од страна на пратениците. Но, освен овие, листата на можен прв човек […]

Зоран Ставрески, Трајко Славевски и Анита Ангеловска Бежоска, ова се главните кандидати за гувернер на Народната Банка. До крајот на неделава ќе се знае кандидатот кој ќе добие поддршка и од власта, а на 20ти месецов ќе има и официјален избор во собранбието од страна на пратениците. Но, освен овие, листата на можен прв човек на Централната банка се надополнува и со Маја Кадиевска Војновиќ и Борче Треновски.

До крајот на неделата ќе се знае кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка, а изборот ќе биде во Собранието на 20-ти мај. Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај, а Мицкоски уверува дека рокот ќе биде испочитуван.

Премиерот веќе разговарал за ова со претседателката Сиљановска Давкова. За него е најважно да се зачува макроекономската стабилност и уверен е дека сите кандидати кои се во игра се искусни и вонсериски. Во игра за гувернер, според медиумите, се имињата на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска-Војновиќ.

Инаку, актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска во нејзиниот мандат доби неколку признанија од еминентни меѓународни финансиски институции за менаџирањето на макроеконмската стабилност и тоа во време на енергетската криза и борбата со инфалцијата. Во овој нејзин мандат Македонија направи историски чекор во делот на прекуграничните плаќања, односно стана членка на СЕПА. 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top