Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

Колариќ во објава на општествените мрежи истакнува: Советот на Општина Кисела Вода денес, на 10 септември 2026 година, работеше под притисок и сценарио режирано од страна на советникот Петар од Левица. Навреди и недолични зборови од место, провокации до градоначалничка и останати советници, гримаси, упатување закани за деца на градоначалник, покажување со прст и закани кон мене со приод до мојата говорница, се 80 отсто работа во Советот од страна овој човек.

Кога стана и ми пријде со прст и закана се исплашив и побарав обезбедување. По кратката пауза, која ја направив, најверојатно тој се исплаши да не повикам полиција, па монтираа веднаш кратко видео, на кое се прикажува дека е жртва. Политиките на Левица се да прават сценарија налик на „Шарената револуција“, која се покажа како најголемо зло во Македонија.

Кога еден насилник на крајот прикажува дека е жртва се опишува како DARVO: Deny, Attack, Reverse Victim and Offender — негирање, напад и превртување на улогите на жртва и насилник, тогаш тој треба да си побара лекарска помош.

Жалам за младиот човек, но жалам и за оние, кои му дадоа доверба да ги застапува во Советот на Општина Кисела Вода – наведува претседателката на Советот на општина Кисела Вода Светлана Колариќ на својот фејсбук-профил.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top