Македонија

Колегите од Неврологија во одбрана на докторот снимен со кокаин

Апел да се заштити и неговото семејство

Вработените на Клиниката за неврологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза упатија јавно поддршка за нивниот колега, проф. д-р Игор Кузмановски.

Колективот на Неврологија поддршката ја искажуваат како одговор на објавениот „компромитирачки материјал“ со кој, како што велат, се дискредитира неговата личност.

Во писмото, тие апелираат на воздржаност во јавниот дискурс и на почит кон човековото достоинство.

„Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски. Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди“, се вели во писмото.

Колегите го фалат директорот за работата додека бил директор на клиниката и во периодот од 2012 до 2017 година, кога, како што наведуваат, објектот бил комплетно реновиран и биле воведени повеќе нови дијагностички и тераписки процедури.

Во духот на медицинската етика, тие повикуваат на сочувство наместо на осуда, нагласувајќи дека секој поединец во моменти на јавна изложеност и лична ранливост заслужува поддршка, разбирање и психосоцијална помош.

„Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција“, апелираат од Клиниката за неврологија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top