Македонија

Колку чини прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ со експлицитен одговор на прашањето од Цивил

Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ завчера го прослави својот 36-ти роденден на фудбалскиот стадион во Струмица.

Порталот „Цивил медиа“ на Џабир Дерала, познат во јавноста по блискоста со опозициската СДСМ, постави прашање до ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку чинела прославата на партијата за 36тиот роденден во Струмица.

Во одговорот од паријата на Мицкоски се вели: „Прославата чини колку на Заев и Филипче еден викенд во Дубаи со Харис Џиновиќ.“

ВМРО-ДПМНЕ завчера одбележа 36 години од нејзиното постоење.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

To top