Македонија Бизнис

Колку милиони евра граѓаните вложиле само во недвижнини?!

Интересот и купувањето на станови или други типови на недвижнини во земјава во првиот квартал минимално се намалил. Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека во првите три месеци биле купени или продадени помалку недвижнини, споредено со четвртиот квартал од минатата година, објави Фактор. Во периодот јануари – март 2025 година во базата […]

Интересот и купувањето на станови или други типови на недвижнини во земјава во првиот квартал минимално се намалил. Последните податоци на Агенцијата за катастар на недвижнини покажуваат дека во првите три месеци биле купени или продадени помалку недвижнини, споредено со четвртиот квартал од минатата година, објави Фактор.

  • Во периодот јануари – март 2025 година во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби на недвижности и 2.327 закупи на недвижен имот.

Бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јануари – март 2025 година во однос на периодот октомври – декември 2024 година е намален за 11 отсто, додека бројот на закупи е исто така намален за 11отсто – стои во извештајот објавен на нивната веб страна.

За споредба, може да се види дека во периодот од октомври до крајот на минатата година, биле направени вкупно 6.433 купопродажби. Тоа значи дека во текот на првите три месеци оваа година се купени 716 стана помалку. Притоа како што е наведено во извештајот во првиот квартал од 2025 година најмногу купопродажби се регистрирани во февруари, и тоа вкупно 1.997, додека во март се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.857.

Притоа најмногу било тргувано со станови, при што биле продадени 1,947станови чија вредност достигнала 137 милиони евра, потоа најмногу се купувало и продавало земјоделско земјиште, при што биле продадени 1,935 парцели, чија вредост достигнала 19 милиони евра. И градежното земјиште било барано, при што биле продадени 719 парцели и нивната вредност достигнала 20 милиони евра.

Вкупната вредност на истргуваните објект достигнува 251милиони евра. Што се однесува пак до цела претходна година, односно во текот на 2024 година во нашата земја само во купопродажба на станови биле свртени над една милијарда евра.

Што се однесува пак до закупите, вкупно 2,327 објекти се издадени под закуп, и нивната вредност достигнува 874 илјади евра. И тука има намалување на вкупниот број на станови издадени под закуп. За споредба во четвртиот квартал од минатата година вкупно 2,621 објекти биле издадени под закуп. Што се однесува пак до објеките ставени под хипотека, според податоците на Катастрато, во превиот квартал од 2025 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 2.596 и со вкупна вредност од 384.969.557 евра.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Најнови вести

To top