Македонија Бизнис

Колку пари на почеток ќе се повлечат од Британскиот заем за реализацијата на проектите?!

Договорот со Британската влада нема да значи дополнително  зголемување на капиталните расходи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, запрашаа дали реализацијата на проектите кои ќе се финансираат со овие пари ќе влијаат на намалување на веќе планираните капитални проекти. Министерката се повика на новиот начин на избор на приоритетни капитални расходи за инвестиции. Ние […]

Договорот со Британската влада нема да значи дополнително  зголемување на капиталните расходи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, запрашаа дали реализацијата на проектите кои ќе се финансираат со овие пари ќе влијаат на намалување на веќе планираните капитални проекти. Министерката се повика на новиот начин на избор на приоритетни капитални расходи за инвестиции.

  • Ние многу често имаме нафрлање желби од одредени институции дека сакаат да прават некаква реализација, но со Уредбата за јавни инвестиции која ја донесовме пред неколку месеци, јасно го пропишавме патот. Претходно беше кој како сака внесува во буџетот, расправии, па ни треба, не ни треба итн. Со Уредбата за јавни инвестиции патот е пропишан, тоа значи дека секоја институција треба да пушти известување со образложение до Министерството за финансии зошто е потребна таа инвестиција. Потоа има посебно тело во рамки на Влада кое ќе ги разгледа сите тие желби и намери за инвестиции и ќе одреди и предложи кои се приоритетите. На тој начин го менуваме начинот на кој носиме одлуки за инвестирање – објасни Димитриеска – Кочоска.

Таа појасни дека јавниот долг  и буџетскиот дефицит растат поради потребата од подмирување на долговите.

  • Буџетскиот дефицит и јавниот долг се зголемуваат кога имаме плаќање. Годишно имаме по најмалку 300 милиони евра долг за исплаќање. Таа е стара методологија и ние не излегуваме од неа. Зависно од тоа како ќе се реализираат проектите ќе планираме дали и колку ќе имаме можност да ги финансираме. Кога ќе дојде моментот склучување на Договор и имплементација ќе видиме дали ќе може да реализираме по 300-400 милиони евра годишно или ќе бидат помалку. Тоа ќе зависи од компанијата, од луѓето што ќе работат на терен – вели Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top