Македонија

Колумбиецот Јанко и „ВардарАнди“ со музичка честитка за Денот на независноста на Македонија (ВИДЕО)

Ние сме Колумбијци, но Македонија има посебно место во нашите срца, велат тие во честитката за 8 Септрмври

Вљубениците во Македонија, Колумбиецот Јанко Пењафорт и неговата група „ВардарАнди“, со музичка честитка за Денот на независноста – 8 Септември.

„Мили и драги наши Македонци, сакаме да ви го честитаме Денот на независноста на Македонија. Ние не сме родени во Македонија и немаме македонско потекло, ама сме вљубени во вашата прекрасна земја и ја чувствуваме како да е наша родна земја“, вели Јанко во пригодното видео.

„Ние сме Колумбијци, но Македонија има посебно место во нашите срца. Денес, на 8 Септември, ја славиме заедно со вас вашата слобода, независност и љубов кон татковината.🇨🇴🇻🇪❤️🇲🇰“, пак, напиша Јанко на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top