Македонија

Комисијата откри неправилности кај откупни центри: Се кршат правата на земјоделците

Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Комисијата за заштита на конкуренцијата открила повеќе неправилности кај откупни центри за овошје и зеленчук, кои, според институцијата, се обиделе да го заобиколат и изиграат Законот за нефер трговски практики на штета на земјоделците.

Од Комисијата информираат дека најсериозните прекршувања се однесуваат на регулирањето на договорните односи меѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Меѓу утврдените неправилности се: непостоење на писмени договори за откуп, користење на договори без задолжителните елементи предвидени со законот, како и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.

Контролите на Комисијата опфатиле повеќе откупни центри кои откупувале овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.

Од институцијата најавија дека против субјектите кај кои биле утврдени прекршувања ќе бидат преземени соодветни санкции согласно законот.

Воедно, Комисијата за заштита на конкуренцијата апелира до сите учесници во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел да се обезбедат фер, правични и транспарентни деловни односи и да се заштитат правата на земјоделците од нефер трговски практики.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top