Македонија

„Комунална хигиена“ со 12 милиони евра долгови и 60% од возилата расипани

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност.

Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на ЈП Комунална хигиена – Скопје за 2024 година, утврди бројни финансиски и административни неправилности. Претпријатието има околу 12 милиони евра долгови, над 2 милиони евра побарувања со неизвесна наплата, како и неевидентиран имот во вредност од околу 472 илјади евра.

  • „Утврдено е високо ниво на нефункционалност на возниот парк, околу 60% возила се вон употреба, односно од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни и 33 се хаварисани, или 113 возила се нефункционални, со просечна старост од 15 години и намалена способност да генерира економски користи.“ 

Исто така, во текот на минатата година преку приватни агенции биле ангажирани 354 лица, за кои биле потрошени над 3 милиони евра. Ревизијата утврдила и сериозни проблеми во функционирањето.

  • „Утврдени се слабости во евидентирање на недвижностите и инфраструктурните објекти, не е обезбедено правото на сопственост и не е евидентирана опрема, регистрирани во сопственост на јавното претпријатие, со вредност од 472.325 евра. Доминантен дел од побарувањата односно  2.071.317 евра има значително намалена или неизвесна наплатливост, како резултат на регистрацијата на корисници без соодветна верификација и склучени договори.“

Од 189 комунални возила, само 76 се во исправна состојба, додека околу 60 проценти од возниот парк се надвор од функција. Констатирани се и финансиски загуби, слаба ликвидност и неправилности при пресметката на платите. Ревизорите оценуваат дека ваквата состојба го загрозува квалитетот на јавните услуги и препорачуваат итни мерки за финансиска стабилизација и модернизација на претпријатието.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top