Македонија

Kонференција „МАРЕС 2025 – Структурирање на иднината на обновливата енергија“

Конференцијата ги обедини клучните институции од енергетскиот сектор

Се одржа третата конференција „МАРЕС 2025 – Структурирање на иднината на обновливата енергија“, на која присуствуваа повеќе од 140 учесници од 10 земји. Настанот го организираше МАРЕС (Македонско здружение за енергија од обновливи извори). Конференцијата ги обедини клучните институции од енергетскиот сектор, дипломатски претставништва, оператори на преносни системи, приватни компании, меѓународни организации и експерти од индустријата.

Фокусот беше ставен на техничките и регулаторните реформи потребни за поефикасна интеграција на обновливи извори и одржлива трансформација на енергетските системи во регионот. За време на настанот се одржаа четири панел-сесии, посветени на предвидливите инвестициски модели, стабилноста на пазарот, развојот на паметни мрежи, дигитализацијата на системите и улогата на батериските капацитети во обезбедување поголема флексибилност.

Посебен акцент беше ставен на механизмот за договори за разлики (CfD) како инструмент за поддршка на инвестициите, како и на Европскиот механизам CBAM и неговото влијание врз индустријата и енергетскиот сектор. Во дискусиите беше потенцирано дека планирањето само по себе веќе не е доволно. Наместо планови кои остануваат на хартија, потребно е прецизно прогнозирање, реални податоци и флексибилни модели кои овозможуваат навремено реагирање во динамичен енергетски систем.

Организаторите нагласија дека неопходно е зајакнување на институциите, развој на модерни дигитални системи и градење кадар подготвен за техничките и регулаторните предизвици на забрзаната енергетска транзиција. МАРЕС продожува и понатаму да се залага за развој и примена на обновливи извори, заштита на животната средина, унапредување на енергетската стратегија и поттикнување на инвестиции во секторот, со цел поддршка на одржлива трансформација на енергетскиот систем во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top