Македонија

Конфискација на дивиот објект на аеродромот Стенковец за таму да се обучуваат пилоти

Може да го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

Тој најавува дека во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.

,,Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност”, порачува Николовски.

Најнови вести од: Македонија

Ново исклучително откритие на македонската архајска некропола кај Корошишта, Струшко: богат војнички погреб со целосна опрема и предмети од злато

На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година, информираат од Националениот археолошки музеј – Скопје.

Предлог на Стопанската комора: Најмногу 13 неработни денови и неработниот ден од недела да не се префрла во понеделник

Стопанската комора на Македонија набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

Мицкоски: Владата ги завршува проектите, сопрени со децении – Соодветно ќе одговориме, ако побара опозицијата предвремени избори

Владата има добиено доверба од граѓаните за мандат од четири години и има планови и динамика за реализација на ветувањата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали ќе има предвремени парламентарни избори, за време на посетата на општина Теарце, каде што присуствуваше на пуштање во употреба детска градинка.

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Најнови вести

To top