Македонија

Концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди со Филхармонијата утре во Скопје

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани

 

Светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија утре ќе одржи концерт во Скопје

Во рамки на прославата за 35 години независност на Македонија, на 1 септември во Скопје концерт ќе одржи светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија.

Од „Авалон продукција“, која го организира настанот заедно со Владата, концертот е најавен како еден од најголемите музички проекти во историјата на Македонија, а покрај шпанскиот тенор во македонскиот „дрим тим“ ќе настапат Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија, стои во објавата споделена на фејсбук профилот на Владата

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

To top