Македонија

Триумф на Македонската филхармонија среде Виена (ВИДЕО)

„Тешкото“ и „Калино моме“, во изведба на Ана и игор Дурловски, ја кренаа на нозе публиката во преполниот „Музикферајн“

Преполната сала и стоечките овации на пробирливата австриска публика најгласно зборуваат за успешниот концерт на Македонската филхармонија синоќа во Виена во рамките на одбележувањето на 80-годишнината од нејзиното основање.

Оркестарот на Филхармонијата, заедно со брачниот пар Дурловски, сопранот Ана и басот Игор, одушевија со маестралната изведба на делата на Глигор Смокварски и на Бете Илин, како и со петте традиционални македонски песни во аранжман на композиторот Сони Петровски.

Под сводовите на „Златната сала“ на „Музикферајн“, во која светот секој 1 јануари сведочи на волшебниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија за кој потоа се прераскажува цела година, посебно одекнаа „Тешкото“ од Глигор Смокварски и „Калино моме“ од Петровски, во чија изведба брилираа Дурловски.

Со овој концерт се одбележаа и 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓуѕ Македонија и Австрија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top