Македонија

Кос задоволна од сработеното на владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се квлификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група, истакна на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на Собранието, со претставници на граѓанското општество, и секако со младите. Во сржта на пристапниот процес, секако се наоѓаат реформите за кои што зборувавте и за конкретните придобивки за граѓаните, подобрени услуги за јавноста, подобрени можности за младите кои што ќе придонесат кон попросперитетна економија. Во таа насока навистина гледаме охрабрувачки напредок уште од почетокот на годината, во реформската агенда и токму поради тоа сакаме да ја поздравиме зголемената посветеност на владата во напредувањето на оваа работа, рече Кос и продолжи:

„Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се квалификуваше во групата на земји на кои што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група“.

Во однос на реформската агенда, Кос посочи дека 90% е спроведено, додека остануваат уште 10%, а тоа е Изборниот законик.

-Кога зборувам за реформите, би сакала да подвлечам дека реформите не се само работа владата, тие не се работа само на Собранието, тоа е национален проект каде што сите засегнати страни треба да бидат вклучени и особено Собранието, тоа е местото каде што се усвојуваат реформите, па затоа се надевам, со оглед на тоа дека спроведовте 90% од 10те реформи кои што требаше да се исполнат до 15 јули, и тие последни 10% се Изборниот законик, кој што ќе биде усвоен. И тука ги повикувамн сите страни за еднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи, рече Кос и додаде:

„Кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде во полза на државата затоа што пристапните преговори ќе придвижат нанапред. Реформската агенда и она што го правите во Планот за раст и од друга страна пристапниот процес во одреден дел ќе се спојат. Тогаш Македонија може многу побрзо да се приклучи кон оние напредни земји. Веќе ја гледаме ползата од пристапувањето кон ЕУ како доаѓа до граѓаните на Македонија. СЕПА им дава на граѓаните и бизнисите на Македонија еднаков третман при пренесување на пари, набрзо ќе започнат и разговорите за укинување на роамингот во Македонија, со што значи дека нема да има дополнителни надоместоци за мобилната телефонија. Градиме клучни транспортни рути, од Албанија до Бугарија и од Србија до Грција за да се подобри поврзаноста во регионот и во ЕУ“.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top