Македонија

„Косова прес“: Груби виден во Приштина

Артан поблиску до Шутка

Косовската новинската агенција „Косова прес“ објави дека нивен извор вчера попладнето во Приштина го видел поранешниот вицепремие Артан Груби, кој повеке од една година е во бегство.

Според косовскиот медиум, Груби се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град. Според изворот на медиумот бил во придружба на две деца. Тој носел зимска јакна, спортска облека и капа, а пуштил и брада.

Десната рака на Ахмети, Груби е во бегство од декември во 2024 година и ставен е на црната листа на САД. Недостапен е и Перпарим Бјрами кој е осомничен во истиот предмет со Груби за злоупотреби во Државната Лотарија

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top