Македонија

Костадинов: СДСМ не е „целосно згасната партија“

Партијата мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија

По завршувањето на вториот круг од локалните избори поранешниот градоначланик на Струмица Костадин Костадинов, кој го „замрзна“ членството во неговата партија, ,изјави дека СДСМ не е „целосно згасната партија“.

Во објава на Фејсбук тој вели дека СДСМ моира да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.

„Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.

Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.
Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа“ порача Костадинов.

.

 

Најнови вести од: Македонија

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top