Македонија

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Според најавите, носител на проектот е Општина Бутел, додека Министерството за здравство ќе учествува како партнер во неговата реализација. – Потпишан е договорот за изградба на нова поликлиника. Ова е историски момент за граѓаните на Бутел – објави Костовски. Новата здравствена установа ќе нуди широк спектар на услуги, меѓу кои РТГ- кабинет со ехо, лабораторија и аптека. Предвидено е да има и пункт за итна медицинска помош, како и ноќна служба, што значително ќе ја подобри достапноста на здравствената заштита за жителите.


Поликлиниката ќе се гради на местото на постојната стара амбуланта, согласно деталниот урбанистички план донесен во февруари 2024 година. Градоначалникот Костовски најави дека изградбата ќе започне наскоро, а проектот го оцени како еден од најзначајните за општината во последните години.

Најнови вести од: Македонија

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top