Македонија

Котлар: Ракувањето на македонскиот народ со историјата често е исполнето со крв, со бури Самоилови, Карпошови, илинденски, партизански, АСНОМ-ски, со негирања!

„Чекајќи ја Марта од ’Европа’ еве исечок од една хроника на охрабрување: која е мерката за големината на еден народ, или на една држава? Дали е тоа територијата, нејзината површина, дали е бројноста на населението, дали е природното богатство или е освоеното, крваво богатство?! Дали големината е само во материјалната и во физичката претстава? А што е со духовната, културната вредност, или со сонцељубивите изрази на еден народ, или на држава?! Еве да го земам за пример мојот народ, македонскиот, кој не е многуброен, но е неизбројан! А, сепак тој е простодушно верен на исконската опстојба и вознес кон историската вертикала од библиски приказни, древност, средновековие и нововековие, па сè до совремието.“ – пишува универзитетската професорка од Институтот за историја д-р Наташа Котлар на својот фејсбук – профил во објавата насловена како „Модерни (ЕУ) народи!“

Натаму Котлар истакнува преку општествената мрежа: Дали е(не)модерен или мал македонскиот народ, кој своевремено, без да се плаши, се вклучи во антифашистичката војна, против тогашните големи политички и воени сили – Германија, Бугарија, Италија. Правилно оценувајќи дека тоа е токму оној момент кога може да го оствари својот стремеж за посебна држава и меѓународно признавање на неговата посебност и јазик. Македонците се единствените од просторот на Кралството Југославија, кои без ничија помош успеаа да се изборат за слободата и независноста!

Овде ниту српски, ниту југословенски, ниту руски, ниту американски војници не дојдоа на помош. Ова го знаеа и сојузниците (Големите, како што милуваат некои), затоа на конференцијата во Јалта (февруари 1945 г.) тие се согласија во рамките на идната Југославија македонскиот народ да формира своја држава, што пак беше прогласена на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г.!

Ракувањето на македонскиот народ со историјата, честопати е исполнето со крв, коски, отров и мајчино млеко (…) со бури Самоилови, Карпушови, Илинденски, Партизански, АСНОМ-ски, слободарски, Референдумски, со негирања, попречувања и конфликти, неспокој и очај, но и со насмевка и стоицизам во смртниот час. Македонскиот народ создава „Песни за татковината“ – МАКЕДОНИЈА, пишува легенди и наративи за своите луѓе!

Ова е минатото, но и сегашноста и иднината на македонскиот народ и на неговата држава! Ова и само ова! А, не како што некои модерни ликови го прекрстуваат него, му измислуваат многу имиња, различни од неговата суштина, именувајќи го секако, па дури и ‘северен’, но никогаш, ама баш никогаш, не го именуваат со неговото вистинско име, за да го обезличат, па дури и да го уништат. Нема мали народи , има луѓе – големи и мали, има чесни и нечесни, со љубов и без љубов, со знаење и со незнаење, има себични и несебични, има предводници и шутови, има способни и неспособни, а на европски терен има и модерни луѓе. – заклучува проф.д-р Наташа Котлар.


Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top