Македонија

Крајно незгодни директни сведоштва за однесувањето на неколку обвинители од екс СЈО

Која е жената од милион долари во СЈО?

Лејла Кадриу, поранешен обвинител во СЈО во ,,Шоуто на Богдан Илиевски” прави реконстркуција или деконструкција на работата на поранешното обвинителство.

„Ми изгледаше дека е повеќе штаб на СДСМ, отколку Специјално јавно обвинителство“ вели Кадриу, екс-обвинител во СЈО, која е избркана од таму од страна на Катица Јанева бидејќи „не била тимски играч“.

Интервјуто со Кадриу е прво ексклузивно сведоштво од инсајдер од СЈО.

Пред да биде избркана Кадриу одбила да работи на предмети темелени на прислушкувани разговори за кои нема прием и попис и ги одбила налозите од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев дадени за време на нивно нивното лично влегување во СЈО и средби со обвинителите.

Таа посочува примери на кои била сведок кога наведените министри од СДСМ доаѓале во СЈО и на средба четворица обвинители од СЈО меѓу кои бил носител на групата обвинителот Гаврил Бубевски, а со него и Ленче Ристовска… имале средби и налози кои се спротивни на јавно обвинителската работа.

Според Кадриу СЈО фактички го водел Гаврил Бубевски а Катица Јанева била избрана за таа функција само заради нејзите амбиции да биде јавно популарна бидејќи ни според искуство во обвинителството немала капацитет за тоа.

Кадриу зборува и за специјалниот однос меѓу Јанева и Гаврил Бубевски.

„Прво избраа 7 обвинители ама не отидовме на заклетва, додека не го избраа Гаврил. Катица инсистираше. Гаврил имаше по 4 телефони на маса, се фалеше дека без негов потпис ништо не може да помине“

“Јас сум сега жена од милион долари“ изјавувала Катица Јанева пред колегите и барала начин како меѓу себе да поделат милион евра “вишок“ во буџетот на СЈО затоа што ако не го поделат ќе треба да го вратат во буџетот.

Во тоа време немале стручен овластен финансиски и сметководствен експерт туку за финансиите се грижела заменичката на Катица Јанева, обвинителката и заменик на Катица, Елизабета Јосифовска која рекла “дека се разбира во финасиисте затоа што мајка и ја учела на тој занает“…

Посочи и како министерот од МВР Оливер Спасовски и праќал советник од кабинетот да и дава налози како да постапува по предметите што таа одбила и го избркала од канцеларијата.

По ова Катица Јанева и соопштила да ја напушти канцеларијата и дека “не е веќе дел од тимот“, иако изборот или разрешување на обвинител во СЈО не е нејзино овластување туку на Советот на обвинители.

Целата емисија

Најнова вест

Засега нема официјално објаснување за авиоинцидентот на утринскиот лет од Скопје

Вонредна вест: Летот на Визер од Скопје за Париз непланирано слетал во Брисел

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top