Македонија

Кривични пријави против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ – Делчево, го оштетиле претпријатието за 123 илјади евра

Двајцата се осомничени за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ – четири години не покренувалe тужби за неплаќачите.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот С.С. како директор на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево од 2019 до 2023 година со пропуштање на должниот надзор постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности, на тој начин што не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица врз основа на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории од ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево. Поради тоа настапила застареност на паричните побарувања и претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата.

Второпријавениот М.К. како раководител на Секторот за општи, правни и финансиски работи, а подоцна и на Секторот за општи и правни работи во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, иако бил должен, не воспоставил соодветен систем на внатрешна контрола и не доставувал редовно предлози за поведување постапки за присилна наплата на ненаплатените побарувања до директорот на претпријатието.

Како што информираат од Управата за финансиска полиција на Република Македонија, со споменатите дејства му е причинета е штета на буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево од околу 7 милиони и 600 илјади денари, или околу 123 илјади евра.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top