Македонија

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не е функционална, заборавиле да направат вентилација

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за Министерството за образование и наука (МОН) констатира низа недостатоци во управувањето со буџетските средства и проектите.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот последен извештај за Министерството за образование и наука (МОН) констатира низа недостатоци во управувањето со буџетските средства и проектите.

Кујната во Студентскиот дом „Тетово“ не е функционална поради пропуст во планирањето – отсуство на вентилација, што ја прави набавената опрема неупотреблива. Овој дел од објектот, за чија изградба се потрошени 3.450.000 евра, не може да се користи за предвидената намена.

Ревизорите дадоа неповолно мислење за финансиските извештаи на основниот буџет на МОН, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Извештајот покажува дека МОН повеќе од една деценија не презел мерки за наплата или отпишување на побарувањата од студентски кредити доделени помеѓу 1998 и 2010 година, во вкупен износ од околу 18 милиони евра.

Во однос на програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта во 2023 година, ДЗР утврди дека тие се реализирани без јасно дефинирани цели, приоритети и индикатори за успешност. Исто така, не биле утврдени критериуми за распределба на буџетските средства ниту за избор на проекти за изградба и реконструкција на училишни објекти.

За стипендиите за студенти запишани на некој од првите 100 светски универзитети, во 2023 година се исплатени речиси 3 милиони евра. Сепак, не постои систем за ангажирање на овие студенти по завршувањето на студиите, што го доведува во прашање ефикасното користење на средствата. Дополнително, исплатите биле повисоки поради примена на девизниот курс од денот на исплата, наместо од денот на објавување на конкурсот.

Ревизијата го опфати и проектот за превод на 500 стручни и научни книги и учебници од врвни универзитети во САД, Англија, Франција и Германија. За овој проект, од 2012 до 2021 година, се потрошени околу 12.250.000 евра. Книгите не се доставени до државните органи, не се води евиденција за нивниот прием и издавање од магацин, а дел од нив се оштетени поради несоодветно складирање.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top