Македонија

Кулминира судирот Спасен Сиљановски – Митко Јанчев, градоначалникот бара пејачот да донесе 10 илјадна публика во Кавадарци

Спасен обвинет дека шири евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам

Кулминира судирот меѓу музичката ѕвезда Спасен Сиљановски и првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев откако градоначалникот го повика пејачот да каже колку публика може да донесе на прославата за годинешниот гроздобер.

Судирот почна кога авторот и изведувач на суперпопуларната песна ,,Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба” го обвини Јанчев дека на локалните манифестации носат српски пејачи а ги запоставуваат македонските музички имиња.

Јанчев во изјава за Викимедиа го повика пејачот Силјаноски да дојде во Кавадарци, да каже колку публика може да донесеш и да открие каде ќе се вклопи во концептот на манифестација.

,,По навредите за изборот на музичките гости кои годинава ќе настапат на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, а кои се докажани балкански имиња кои насекаде полнат плоштади, јавно го повикувам пејачот Спасен Силјаноски уште утре да дојде во просториите на Општина Кавадарци. Да даде одговор на неколку прашања пред мене, бидејќи јавно ме прозва, но и пред јавноста”, вели кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Градоначалникот додава дека Тиквешки грзодбер во Кавадарци во иминативе години прераснал во настан кој станува популарен ширум Балканот и кој е посетен од десетици илјади гости, и не станува збор само за локална забава со изведувачи кои можат да се слушаат речиси во секој локал, во градовите во земјава, туку за манифестација на која доаѓаат изведувачи кои се ѕвезди во вистински смисол на зборот.

,,Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?
И да му укажам, бидејќи очигледно не е доволно информиран, сите кавадаречки музичари кои ги спомнува, гостуваат не само на овој, туку и на секој гроздобер кој се одржал во минатото и секогаш биле максимално испочитувани од општината, бидејќи ние во Кавадарци знаеме како да го цениме и поддржиме своето.
Не само локалните музичари, туку секоја година доаѓаат и пејачи од други градови од Македонија. Тиквешки гроздобер не е само една голема сцена, има настапи и на помала сцена и секој настапува таму каде знае дека може да исполни капацитет.
Кога сме кај големата сцена на која годинава ќе настапи српската еворвизиска победничка Марија Шерифовиќ, и за време на чиј настап се очекуваат најмалку 50.000 посетители, нека одговори пејачот дали тој може да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка. Затоа што гроздоберот не е само настан за забава, туку има огромно значење и од економски аспект, колку поголема ѕвезда доаѓа, толку поголем број на гости имаме, и со тоа се поголеми и економските придобивки на нашите граѓани”, вели градоначалникот Јанчев.

На крај, Јанчев потсетува дека и во Македонија има големи музички ѕвезди кои гостуваат на манифестации во регионот и таму ги полнат плоштадите.

“Затоа и постои епитетот музичка ѕвезда, и не може секој да го носи. Кога за настап на некој музички гостин дури и се организира превоз од други градови, кога доаѓа река од народ од сите краеви, а на плоштадите нема место да се фрли игла, недостојно е да се потценуваат тие ѕвезди со евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам. Уште еднаш го повикувам пејачот кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација, да дојде во општината и да ми даде одговор на прашањата кои еве и јавно му ги поставив”, вели Јанчев за Викимедиа.

Преходно Сиљановски го спореди кавадаречкиот гроздобер со Роштилијада во Кавадарци.

,,РОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ⁉️
Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев?
Во која држава зрее Грозјето?
Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен 🙄. Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат “Кај Буки” и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот”, напиша Спасен Сиљановски.

Најнова вест на темата

Дел од работите не се пријатни за слушање од страна на Јанчев, односно се кажани без заобиколување во стилот на Сиљановски

(ВИДЕО) Спасен му одговори на Митко во кавгата за ,,Македонцките работи”

Спасен најавува ,,зла доба" за Јанчев на следниот ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Укинувањето на ослободувањето од ДДВ-то за „Тему“ и „Али Експрес“ е заради заштита на домашната економија

Од Министерството за финансии излегоа со првичен коментар дека целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Лице од ,,Црната листа” на САД осомничено за оштетување на куќата на авторот на македонската химна

Искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи-Шаќири, денес одржа емотивна прес-конференција на која повторно побара правда за трагичната сообраќајна несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани.

ДВ: Уште еден западен министер дојде со „празен куфер“во Македонија

Најјасно разочарувањето се гледа во Македонија каде Вадефул ја заврши својата западнобалканска турнеја во вторникот навечер: Земјата го смени името за да го деблокира процесот, но повторно беше блокирана – прво од Франција, потоа од Бугарија

Гневот кон Дејан Јованов – Деко е огромен и оправдан, сепак дали судот ќе остане доследен или ќе подлегне кон оправданата „жед за крв“?

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот во дисктотеката Пулс што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Мицкоски: Претседател на суд има плата околу 3.000 евра, што е повисока и од мојата плата како премиер !

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на „Топ тема“ на Телма остро ја отфрли можноста за дополнително зголемување на судскиот буџет, нагласувајќи дека Македонија веќе издвојува далеку повеќе од европскиот просек, а резултатите во правосудството се далеку под очекувањата.

Најнови вести

To top