Македонија

Кумановец му се заканувал на премиерот Мицкоски дека ќе го убие – обвинителството бара притвор

Осомничениот со историја на расправии и физички пресметки

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, осомничен дека преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на премиерот Христијан Мицкоски.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека 39-годишникот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата на РСМ“, соопштија од Обвинителството.

Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка на осомничениот да му биде определена мерка притвор. При барањето, Обвинителството ги ценело околностите под кои е извршено делото, ризикот од бегство, како и претходното поведение на осомничениот.

Според ОЈО, тој се јавува како извршител и на други кривични дела од областа на насилниот криминал, меѓу кои насилство и лихварство, а има и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

„Станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува“, наведуваат од Обвинителството.

За предлогот на обвинителот за определување притвор треба да одлучи судија на претходна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top