Македонија

„Курир“: Скандал на Заевци и неговата судска банда – октроираниот Апелациски суд го одби барањето на уставобранителите и нема да има ново судење за 27 април!?

„Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува како школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.“ – пишува информативниот портал „Курир“. во својата статија со наслов „Нов судски резџил: Апелација го одби барањето на уставобранителите – нема да има ново судење за 27 април!?“

„Курир“ натаму во својата статија наведува: Со враќањето на Заев во Македонија, се врати ли и неговото „распупено“ судство?! Прво од уставобранителите направија „терористи“, за да сега ги направат и школски пример за политизација на судските органи. Во најновиот скандал и мега-резил во македонското судство октроираниот Апелационен суд одлучи да не го прифати барањето на осудените за случајот 27 април, кои бараа повторување на постапката. Процес кој наочиглед на сите беше класичен пример за политички прогон, сега во судската пракса може да се изучува и како школски пример за политички влијанија, неправда и кршење не човековите права и слободи, континуитет на еден мизерен акт на Заевци и неговата судска банда.

„Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеното решение не содржи такви недостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот“, се наведува во бизарната одлука на Апелациониот суд.


Со ваквата нехумана и правно неиздржана одлука Апелација го потврди решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката. Судот демек „правилно“ оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон… Замислете само – „Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен“, се наведува во мизерната одлука.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Во меѓувреме, додека цела Македонија знае дека се невини, дел од неправедно затворените и починаа. Умреа како мажи. Се знае и на чија душа оди оваа нечовештина. Арам, вели македонскиот народ., заклучува „Курир“ во својата спомената статија.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top