Македонија

Кузеска: Отворивме ново поглавје за иднината на Македонија

Меѓу предложените мерки се нов закон за борба против корупцијата, проверка на избрани и именувани функционери, проверка на потеклото на имотот, зајакнување на институциите за борба против корупцијата и понатамошна дигитализација на јавните услуги

 

 

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска, нагласи дека платформата усвоена на вчерашниот “програмски Конгрес’ на опозициската партија кја, според неа, има за цел подобрување на животниот стандард, борба против корупцијата и обезбедување европска иднина за Македонија.

Конгресот на СДСМ да прогласи вонредна состојба, бара Еленовски

На вчерашниот 32-ри конгрес, СДСМ најави нова фаза на политичко дејствување преку „Скопска иницијатива“ и програмската платформа „Твојата земја, твоја шанса“, која, според партијата, претставува визија за модерна, фер и европска држава.

Според „фатазмагоричното“ објаснување на Кузеска, документот содржи конкретни политики за поддршка на младите, со акцент на достоинствено вработување, повисоки плати, прифатливи станови, квалитетно образование и создавање еднакви можности за напредување.

Видео: Функционери од СДСМ признаваат дека рејтингот е мал, но се спремни за избори

СДСМ оценува дека еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите е чувството на неправда и недоверба во институциите, поради што борбата против корупцијата е поставена како еден од главните приоритети во платформата.

Меѓу предложените мерки се нов закон за борба против корупцијата, проверка на избрани и именувани функционери, проверка на потеклото на имотот, зајакнување на институциите за борба против корупцијата и понатамошна дигитализација на јавните услуги.

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top