Капитенот Кузмановски и другарите ја дознаа последната пречка до Светското првенство 2027.
Македонската машка ракометна репрезентација ќе игра против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година.
Ова е сценариото по денешниот реванш натпревар меѓу Словачка и Украина во кој домашната репрезентација и покрај поразот од 32-31 ја зачува предноста од првиот дуел во кој словачките ракометари триумфираа со 27-24.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар против Словачка ќе го играат на гостински терен на 13/14 мај, додека реваншот на домашен терен ќе биде по една недела.
Македонија досега има девет учества на мундијалските ракометни турнири, од кои седум во низа.
Жрепката за групната фаза за Светското првенство 2027 кое ќе го организира Германија, е закажана за 10 јуни.