Македонија

Мицкоски: Нема да дозволиме ценовен шок на прехранбените производи

Ако се забележи неетичко однесување од страна на ланците супер маркети, но и од страна на снабдувачите и производителите, ќе се преземат неопходните мерки

Владата нема да дозволи осцилации во цените на прехранбените производи кои би го отежнале животот на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по владината седница на која беше донесена одлука за намалување на данокот на гориво од 18 на 10 отсто.

Мицкоски порача дека, ако Владата забележи неетичко однесување од страна на ланците супер маркети, но и од страна на снабдувачите и производителите, тие ќе ги преземат неопходните мерки за да нема ценовен шок.

„Државниот пазарен инспекторат е на терен и од она што го гледаме има поскапување кај маслото и кај јајцата. Зборувам за поскапување, коешто е видливо и значајно, кај останатите производи цените во принцип не отстапуваат „визави“ оние што се просечни од претходниот период. Така што тој дел е забележан, анализираме. Тоа се правда со зголемени цени на берзи итн. Берзи можеби ќе звучи чудно кај јајцата, не е конкретно јајцето берзански производ, туку храната која што носилките ја користат е берзански производ, па тоа имплицира кај самите јајца. Маслото знаете дека е берзански производ, така што на тој начин се правда тоа зголемување. Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме било какви осцилации, кои што ќе нанесат штета на стандардот на граѓаните“, изјави премиерот.

На денешната вонредна седница донесоа одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто. Одлуката ќе стапи во сила во понеделник на полноќ, односно на 23 кон 24 март и ќе трае во наредните две недели, информираше премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top