Свет

Техеран: Извинете, нашата нафта е распродадена

Техеран го отфрли потегот на администрацијата на Трамп да му се овозможи даде на Иран привремена „дозвола“ (со траење од 30 дена) за продажба на нафта

 

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, го отфрли потегот на администрацијата на Трамп да му се овозможи даде на Иран привремена „дозвола“ (со траење од 30 дена) за продажба на нафта од танкери кои се на морее, а поради американските санкции не можат да ја достават до купувачите.

САД периодично воведуваат санкции врз иранската нафта со децении, а администрацијата на Трамп ја блокира продажбата на сурова нафта од земјата откако се повлече од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави во петокот дека овој потег брзо ќе се пласира значителна количина нафта на светските пазари.

„Со привремено ослободување на оваа постоечка понуда во светот, САД брзо ќе пласираат приближно 140 милиони барели нафта на глобалните пазари“, рече Бесент.

Но, Галибаф, кој се смета за еден од највисоките преживеани ирански функционери, одговори на објавата на американската администрација утрово на социјалната мрежа X.
„Укинување на санкциите врз иранската нафта што моментално е заробена на море? Извинете – распродадена е“, напиша тој.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

Најнови вести

To top