Регион

Транспортерите од БиХ од утре почнуваат блокада на граничните премини

Доколку не се донесе итно решение, на 14 април на протестот ќе се приклучат и српските транспортери со целосна блокада

Oд утре, понеделник (23 март), транспортерите од Босна и Херцеговина започнуваат масовен протест поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

Блокадите ќе започнат точно во 07:00 часот наутро и ќе ги опфатат сите гранични премини наменети за камиони, вклучувајќи ги и оние со Србија.

„Протестот е реакција на нехуманиот третман и ограничувањата кои ги оневозможуваат возачите од Западен Балкан нормално да ја извршуваат својата работа. Доколку не се донесе итно решение, на 14 април на протестот ќе се приклучат и српските транспортери со целосна блокада која нема да прекине до добивање писмени гаранции од Европската комисија“, алармираат од Здружението.

Оваа ситуација се очекува да предизвика огромни колони и застој во снабдувањето со стоки низ целиот Балкан.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top