Македонија

Лефков: Кога беше Заев премиер имавме министерство, кое наместо да ги лекува граѓаните, се грижело во Македонија да се одгледува марихуана!

„Уште колку пари му требаат на Заев, уште 100 илјади, двесте илјади денари, за да можат јавноста и Македонија да ја дознаат вистината? Не може да бидете премиер и да имате министерство за здравство, кое наместо да се грижи за здравјето на луѓето, да имате ситуација, во која луѓето се лекуваат со физиолошки раствор, а притоа истовремено да имате дадено повеќе од 70 лиценци за одгледување марихуана. Значи, сте имале министерство, кое наместо да ги лечи граѓаните, се грижело во Македонија да се одгледува марихуана. И тоа се факти. На кого ќе му поднесете тужба за ова и која е цената која ќе ја побарате? 100, 200, 5.000 евра ќе побарате ли? Катастрофално е да барате вакви работи и исто такви се оние, кои што ги советуваат на ова.“ – изјави пратеникот Миле Лефков во „Наткаст“ на порталот „Курир.мк’.

Порталот натаму наведува: Заев и Филипче се кријат зад граѓанските тужби за клевета, кои ги најавуваат за да инсинуираат сопствена невиност, посочи пратеникот Миле Лефков. Укажува на фактот дека оваа шарада е несоодветна за еден премиер и еден министер кои во време кога луѓето на Онкологија се лекуваат со физиолошлки раствор, горат живи во модуларни болници и умираат без вакцини, вие го оптоварувате Министерството за здравство со креирање 70 дозволи за одгледување марихуана, чин која бара многу административна работа, труд и ангажман на вработените. Прашува и со која сума би се задоволил Заев за наводната клевета?

-Граѓанската тужба за клевета не може да се користи кога вие имате бизнис или има индикации дека сте поврзани со бизниси зад кои стои подземјето. Најмалку што можете да направите е да го повикате јавното обвинителство да ги расчисти овие наводи и да кажете дека вие сте достапни на органите и дека сте подготвени да го дадете вашиот дел од приказната, само тоа е достоинствен исказ, потенцира Лефков, алудирајќи на фактот дека никој ен знае од каде пишува по ФБ Заев. Од Грција, од Дубаи ли?

„А јавното обвинителство и јавноста да не знаат каде сте, да се криете и притоа да споменувате граѓанска тужба која пак ќе повторам е целосно различен механизам од она што личности од јавниот живот се обидуваат да го прикажат. Најмалку што можат е да го повикаат јавното обвинителство и сите органи на прогонот, да кажат каде се и да дадат исказ на темата на која се прозивани, никако да се кријат зад инструментите за заштита затоа што станува збор за граѓански тужби во кои оној што изрекол некаква невистина треба да ви плати одреден надомест.“ им порачува пратеникот и правник Лефков, објави „Курир.мк.“.



Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top