Македонија

Личен документ на екс министер на Заев се појави на социјалните мрежи во Хрватска

Екс министерот за финансии да се јави за да си ја поврати сообраќајната дозвола

Личен документ која е на име Драган Тевдовски се појави на социјалните мрежи во Хрватска.

Сообраќајната дозвола на екс министерот за финансии во првата влада на Зоран Заев е објавена на локална група на Фејсбук на хрватски остров со назнака дека ако некој го знае лицето да го информира дека дозволата е најдена.

На групата на  островот Корчула извесна Ана Портолан ја објавува целата сообраќајна дозвола и прашува дали Тевдовски е нечиј гостин.

Портолан вели дека сообраќајната дозвола е најдена на пат и дека утре ќе го однесе документот во полиција.

Според јавно објавените податоци на сообраќајната дозвола кои expres.mk не ги објавува поради законските правила за заштита на лични податоци годината на раѓање на лицето носител на документот е идентичен со годината на раѓање на екс министерот за финансии Драган Тевдовски.

Доколку Тевдовски е се уште на Корчула тој ќе може утре да си ја подигне дозволата.

Дел од документот на кој не се гледаат лични податоци.

 

Најчитани статии

 

Не успеал да избега далеку

Обид за филмско бегство од македонската полиција, не успеал да избега далеку

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top