Македонија

Лукровски: Граѓаните од Карпош ќе можат да поднесат барање за обесштетување од невремето

Потребни се образец, увид и полициски извештај

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата „На прва“ на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го преземат од веб-страницата.

„Ние имаме образец и формирана комисија која ќе прави увид и проценка на штетите. Образецот е во нашата општина, може да го подигнат, може и на веб-сајтот да го најдат. Со образецот треба да достават увид, извештај од полициската станица. Со така комплетирани документи, кои ќе можат да ги видат во образецот, поднесуваат кај нас барање за штетите“, истакна Лукровски.

Тој додаде дека комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати барања и ќе изврши увид на терен, по што ќе биде изготвена проценка на штетите.

„Комисијата која ја формиравме, претежно луѓе кои се занимаваат со тоа, од нашите вработени во општината, на следен совет ќе ја верификуваме. Ќе ги собереме сите барања, ќе излезе комисијата на терен, ќе направи проценка на штетите. Она што сме благодарни на премиерот и Владата, тие понатаму на она што ќе го дадеме ние како барање како општина, ќе исплатат. Максимум до 10% од штетата“, рече Лукровски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top