Македонија

Љутков: Три проценти од приходите од игрите на среќа ќе одат за филмот, четири за туризмот

Траен финансиски механизам за развој на филмската индустрија и туризмот

Љутков  на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската индустрија и туризмот, при што три проценти од приходите од игрите на среќа ќе се издвојуваат за Агенцијата за филм, а четири проценти за развој на туризмот, без ограничување на годишниот износ.

„Во согласност со новите законски решенија, три проценти од приходите од игрите на среќа ќе се одвојуваат директно за Агенцијата за филм, без ограничување на висината на средствата на годишно ниво. Со тоа се обезбедуваат значително поголеми финансиски ресурси, пред сè за домашни филмови и серии, поддршка на млади автори, дебитантски проекти и развој на аудиовизуелната индустрија. Дополнително, уште четири проценти од приходите ќе се одвојуваат за развој на туризмот, исто така без горна граница“, истакна Љутков.

Тој нагласи дека во тек се повеќе законски и стратешки процеси, меѓу кои нов закон за култура, национална стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и стратегија за развој на туризмот 2027 – 2030, кои, како што рече, треба да бидат завршени до крајот на годинава.

Во делот на капиталните инвестиции, министерот посочи дека за изградба, реконструкција и санација на културни објекти се предвидени 407 милиони денари, од кои до јуни се реализирани речиси 100 милиони денари.

Според него, до крајот на годинава се очекува завршување повеќе капитални проекти, меѓу кои театарот во Струмица, реконструкцијата на поранешното кино „Партизан“, реновирањето на просториите на Националната установа „Џез-оркестар“ и санацијата на терасите во Македонскиот народен театар.

„Посебно задоволство претставува динамичната и успешна реализација на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Со сегашната брзина на работите реконструкцијата треба да заврши во предвидениот договорен рок“, рече Љутков.

Во областа на креативните индустрии, Министерството спроведува национално истражување и мапирање на секторот во соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, а поддржани се 37 проекти во вкупна вредност од 16 милиони денари.

Љутков информира и дека државата по подолг период, повторно реализирала откуп на уметнички дела, при што се набавени 37 дела од истакнати македонски автори во вредност од над шест милиони денари.

Во делот на заштитата на културното наследство, министерот ги издвои активностите на локалитетот Стоби, адаптацијата на Старата железничка станица во центар за посетители, реконструкцијата на Спомен-домот на Разловечкото востание и проектот за центар за промоција на македонскиот јазик во Љубојно.

Осврнувајќи се на туризмот, министерот Љутков рече дека за промоција и поддршка на туризмот годинава се предвидени 186 милиони денари, од кои 150 милиони се наменети за субвенции за туристички промет.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата и дали има некаква поврзаност на денешниот брифинг со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за нејзина реконструкција, министерот рече дека одлуката е во надлежност на премиерот.

„Тоа е негова одлука, премиерот на Владата назначува и разрешува. Наша задача е да ја завршиме работата онака како што треба, да ја реализираме програмата, особено владината програма. А во делот на реализацијата на владината програма, имаме многу висока реализација. Така што, ова не е некакво совпаѓање, како што вие мислите, туку е редовен министерски брифинг со новинарите. Не знам дали има совпаѓање и дали ќе имаше врска доколку го направевме 10 дена порано, но како и да е, едното со другото нема никаква врска. Ова се редовни брифинзи и состаноци во врска со работата на Министерството“, рече Љутков.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top