Македонија

m.Uslugi – една апликација за сè!

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална суперапликација m.Uslugi

На Дигиталниот самит на Западен Балкан, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави новата национална суперапликација m.Uslugi, нарекувајќи ја „револуција на умот и дејствувањето“. Суперапликација значи дека апликацијата ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните, со можност за складирање на електронски документи, најкористени услуги, потсетник за истекување на рокови и електронско сандаче.

„Ова е една апликација што ја носи државата на дланка – една апликација за сите важни документи, една апликација за се. m.Uslugi е новата и единствена суперапликација, едноставна за симнување, прелистување, зачленување и користење“, изјави Андоновски.

Апликацијата m.Uslugi овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и личната карта, директно на својот мобилен телефон, со целосна безбедност и контрола врз сопствените податоци. Преку ултрабезбеден QR-код се овозможува споделување информации без ризик, со користење на енкрипција со највисоки безбедносни стандарди.

Во првата фаза, апликацијата нуди две од најкористените јавни услуги, според потребите на граѓаните. Како што истакна министерот, ова е само почеток.

„Секоја нова верзија ќе носи нови услуги и нови изненадувања за вас“, додаде Андоновски.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на самитот, ја истакна важноста на апликацијата m.Uslugi за иднината на дигиталната трансформација на земјава и додаде дека „е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен“.

„Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба“, рече Мицкоски и упати посебна благодарност до министерот Андоновски и неговиот тим за, како што рече, „жестоката и напорна работа“ во реализацијата на оваа иницијатива.

Со оваа апликација, Македонија прави крупен чекор кон дигитална трансформација, обезбедувајќи модерен, ефикасен и безбеден пристап до јавните услуги за секој граѓанин.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, апликацијата е во тест фаза, наменета за тестирање со реални податоци.

„Секој заинтересиран тестер, корисник, програмер може да ја симне на начин опишан во прикачениот документ со QR-код и инструкции за инсталирање на апликацијата. По добивањето на мислења од корисниците, финалната прва верзија од апликацијата ќе биде достапна до крајот на годината. Затоа, ги повикуваме сите заинтересирани ентузијасти да ја симнат, тестираат и дадат коментар за суперапликацијата м.Услуги.

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top