Тема: дигитална трансформација

Бесплатен роаминг за Македонците во ЕУ од 1 јануари 2027

Европската комисија на 25 февруари годинава објави дека ќе побара одобрение од Европскиот совет за отворање преговори со земји од Западен Балкан за укинување на роамингот за оние што патуваат во државите членки на ЕУ. Ова би се однесувало на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Сега Советот на ЕУ треба да ѝ даде на Комисијата овластување да отвори преговори со партнерите од Западен Балкан. Откако ќе добие овластување, Комисијата ќе преговара за билатерални договори со секоја од шесте земји.

Заменик-министерката Трајков добитничка на признанието „Лидер во дигитална трансформација“

Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања е добитник на престижното признание „Digital Transformation Leader“ во рамки на првото национално издание на Women Tech Macedonia Awards 2026.

Ќе плаќаат ли данок македонските инфлуенсери?!

На инфлуенсерите, јутјуберите, влогерите и креаторите на содржини односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање им тече рокот за регистрирање во АВМУ, обврска од новата законска регулатива. Покрај ова, независно дали соработуваат со домашни или странски фирми и висината на приходот што го остваруваат треба да поднесат даночна пријава за персонален данок и за ДДВ доколку нивниот приход надминал 2 милиони денари во годината.

Македонија со сериозен напредок кон дигитална трансформација – за две години успех како никогаш до сега

Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење на статуси на предмети и поефикасна административна комуникација. Конкретна и мерлива имплементација. Со промоцијата на стратегијата, Владата најавува засилени активности за дигитална трансформација, модернизација на институциите и создавање поволна клима за инвеститори и донатори, со цел Македонија да се позиционира како регионален лидер во дигиталниот развој.

По 8 години вакум, Македонија добива Национална ИКТ Стратегија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претстави „СМАРТ/МК 2030“ – новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии, прв сеопфатен план за дигитален развој по осум години.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денес ќе го претстави новиот национален електронски систем за управување со документи

Интересот за користење на Порталот за електронски услуги значително е зголемен – од 1000 корисници месечно на 7.400, што претставува зголемување за седум и пол пати

To top