Македонија

Македонец до германскиот јавен сервис Дојче Веле: Не очекуваме иронија туку професионално известување

Сатирата е дозволена, но молкот пред неправдата никогаш не бил новинарство

Отворено писмо до редакцијата на германскиот јавен сервис Дојче Веле (DW) на Македонски јазик од бизнисменот  Васко Белески кој е на релација Швајцарија- Охрид.

 

Во својата реакција на начинот на кој информира Дојче Веле за односот на ЕУ кон Македонија Белески зборува за однос кој се наоѓа меѓу уцена и двојни стандарди.

 

 

Отворената реакција на Белески во целост:

 

Почитувани,

 

Во последно време вашите објави често користат иронија и алузии од типот „нови епизоди на македонскиот Труман шоу“. Но, она што за некои изгледа како „сатира“, за граѓаните на оваа држава е реалност во која се живее секој ден – реалност на постојана политичка уцена и европско лицемерие.

 

Македонија денес е држава што не може да почне преговори со ЕУ поради нелогичните и антидемократски барања на соседна Бугарија.

Иако на последниот попис само околу 200–300 лица ( а се тврди дека биле 2-3 илјади) се изјасниле како Бугари, токму нивното внесување во Уставот стана главен услов за отворање на преговорите.

Во исто време, во самата Бугарија живеат над 200.000 Македонци, кои не смеат да се организираат во здруженија – и покрај повеќекратните пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

 

Тоа е суштината на проблемот: Европа дозволува двојни стандарди – едни вредности за големите и влијателните, а други за малите и непослушните.

Денес Бугарија не го признава македонскиот јазик, ги спори историските личности и, парадоксално, го користи тоа како инструмент за блокада на земја што се стреми кон европска интеграција.

 

Премиерот Христијан Мицкоски отворено посочи дека ова не е реформски процес, туку политичка уцена без основа во европското право.

И навистина, тешко е да се зборува за „европски вредности“ кога токму тие вредности се прекршуваат во срцето на Унијата.

 

Од вас, како медиум со долгогодишна традиција, се очекува не иронија, туку професионално известување, аналитички пристап и почит кон вистината.

Сатирата е дозволена, но молкот пред неправдата никогаш не бил новинарство.

 

Со почит,

Васко Белески

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top