Македонија

Македонец загинал во тешка сообраќајка во Грција

Грчкиот возач е приведен

 

77-годишен државјанин на Македонија загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на автопатот Егнација, на делницата Сјатиста – Кристалопиги, во близина на Кожани.

 

Според информациите објавени од грчките медиуми, несреќата се случила вчера неколку минути по 14 часот.

До несреќата дошло кога возило управувано од 49-годишен Грк се судрило со возило од спротивна насока, во кое патувале 77-годишниот маж и 70-годишна жена од Македонија.

 

Мажот починал на самото место, додека жената, која му била сопатник, се здобила со полесни повреди.

 

Грчкиот возач на другото возило е приведен, а полицијата спроведува истрага за причините за несреќата.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top