Македонија

Македонија десетта во Европа според процентот на жители со прекумерна тежина

Според Светската здравствена организација, речиси секој трет македонски граѓанин е потежок од нормалното

Со 30,65 проценти жители со тежина над нормалната, Македонија е на десетто место во Европа, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Неславен шампион на стариот континент во овој поглед е Романија со 38,24 отсто, втора е Хрватска со 36,65 отсто, а трета Унгарија со 36,40 отсто.

Полошо од Македонија стојат уште Турција со 34,26 отсто, Грција со 33,68 отсто, Полска со 31,41 отсто, Чешка со 31,30 отсто, Литванија со 31,14 отсто и Ирска со 30,84 отсто.

Од земјите во регионот Албанија има 26,58 проценти дебели луѓе, Србија 26,05 отсто, Босна и Херцеговина 25,47 отсто, Бугарија 24,25 отсто, Словенија 22,2 отсто…

Најмалку натпросечно тешки граѓани во Европа има Франција – 10,92 проценти, потоа Швајцарија – 13,74 отсто, Данска – 14,3 отсто итн.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top