Македонија

Македонија и Турција потпишаа меморандум за соработка во социјалните услуги

Министрите Велковски и Гокташ ставија потпис на документот за унапредување на социјалната заштита на граѓаните

Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија и Министерството за семејство и социјални услуги на Турција склучија Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги, на кој потпис ставија министрите Ѓоко Велковски од македонска страна и Махинур Оздемир Гокташ од турска.

„Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните. Соработката опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности“, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top