Македонија

Македонија и Велика Британија потпишаа договор за нови авиолинии

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Македонија, Александар Николоски, и министерот за воздухопловство, поморство и декарбонизација на Обединетото Кралство, Киер Метер, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај меѓу двете земји

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт на Република Македонија, Александар Николоски, и министерот за воздухопловство, поморство и декарбонизација на Обединетото Кралство, Киер Метер, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај меѓу двете земји. Според соопштението на Министерството за транспорт, овој договор отвора можности за воспоставување нови директни авиолинии, што се очекува да го зголеми бројот на туристи од Велика Британија во Македонија.

„Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји“, се наведува во соопштението на Министерството.

Двајцата министри истакнаа дека договорот овозможува поголема слобода и флексибилност за авиокомпаниите, ефикасно работење и воведување нови услуги, додека за патниците се обезбедуваат подобри конекции, нови дестинации и конкурентни цени. Вицепремиерот Николоски нагласи дека Македонија бележи значителен раст во авиосообраќајот во последната година, што ја позиционира како конкурентна дестинација во регионот. „Овој успех се должи на спроведувањето на владините политики за развој на цивилниот воздушен сообраќај. Домашните аеродроми имаат голем потенцијал да опслужат нови авиокомпании и патници“, изјави Николоски по потпишувањето.

Договорот, исто така, го регулира интермодалниот превоз, кој е клучен за карго транспортот, и обезбедува висок степен на заштита и безбедност за авиокомпаниите и патниците, во согласност со стандардите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО).

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top