Македонија

Македонија со сериозен напредок кон дигитална трансформација – за две години успех како никогаш до сега

Системот овозможува нотификации во реално време, побрза достава без чекање, следење на статуси на предмети и поефикасна административна комуникација. Конкретна и мерлива имплементација. Со промоцијата на стратегијата, Владата најавува засилени активности за дигитална трансформација, модернизација на институциите и создавање поволна клима за инвеститори и донатори, со цел Македонија да се позиционира како регионален лидер во дигиталниот развој.

Покажавме дека дигиталната трансформација не ја третираме како технички проект, туку како општествена реформа, и тоа значи дека имаме обврски сите, хоризонтално, и токму затоа е многу важно денес да дискутираме за четирите столбови на стратегијата, што значи четирите обврски кои ги имаат институциите, приватниот сектор, а тоа значи добробит за граѓаните и за компаниите. Ова го изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред отворањето на конференцијата „Трансформирање на иднината. Дигитална стратегија за современо општество“, организирана со поддршка на Регионалната школа за јавна администрација и Европската Унија.

Како што информираше тој, целта на Националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК 2030, документ кој е усогласен со Европската дигитална декада и Агендата за развој е Македонија да го направи следниот голем чекор во дигиталната трансформација.

Документот треба да ја позиционира земјата меѓу напредните држави преку модернизација на јавните услуги, поддршка на иновациите и создавање услови за нови инвестиции. Министерот истакна дека досегашните резултати покажуваат сериозен напредок, но и дека претстои уште многу работа за да се достигне целосниот потенцијал. Тој нагласи дека Македонија бележи значителен скок во глобалните мерења на дигиталниот индекс.

  • Минатото мерење, во 2023 година, сме биле во Б категоријата на држави од 85-тото до 120-тото, 130-тото место во светот. Годинава имаме раст од 22 позиции и сме на 79-тото место и се вбројуваме во групата на напредни држави кои имаат дигитална трансформација. Во првите, да речеме, 80 држави во светот. На наше ниво, сличен индекс имаат Литванија, Латвија, Нов Зеланд, Малта, така што има сериозен напредок за година и пол – две. Секако постои уште многу простор за напредок. Јас со 79-тото место не можам да бидам задоволен, но тоа ни е добар поттик дека со работа овие две години имаме сериозен скок – рече Андоновски.

На новинарско прашање дали граѓаните ќе ги почувствуваат ефектите од стратегијата, министерот одговори потврдно.

  • Се надевам дека наредното мерење за две години ќе имаме уште нови 20 до 30 места погоре и ќе покажеме вистински резултати кои ќе се чувствуваат. Ова е реномиран индекс и не поставува на мапата на дигитално развиени држави, што е интересно и од поглед на нови проекти, донатори и инвеститори, така што ќе биде навистина знак за поддршка на она што го работиме како Министерство и како Влада – дополни тој.

Одговарајќи на прашање за приоритетите во имплементацијата, Андоновски нагласи дека фокусот ќе биде ставен на дигитализација на јавните услуги и поддршка на иновациите.

  • Првиот столб е инфраструктурата, тоа ќе биде и првиот панел; вториот панел се дигиталните вештини, важноста на дигиталните вештини за нашите граѓани, со таргет до 2030 година најмалку половина од населението да има дигитални вештини на средно ниво, потоа имаме дигиталното управување или услугите, нешто на што веќе работиме, и секако четвртиот дел е вештачката интелигенција, новите технологии и улогата на бизнис-средината и како да поттикнеме иновација во бизнис-секторот-  рече Андоновски.

Целта, како што дополни, е граѓаните да имаат побрзи и поефикасни услуги, а компаниите да добијат подобри услови за развој и иновации.

  • Со тоа ќе создадеме и нови можности за младите, кои ќе можат да градат кариера во ИКТ секторот овде, во Македонија – рече Андоновски.

Со промоцијата на стратегијата, Владата најавува засилени активности за дигитална трансформација, модернизација на институциите и создавање поволна клима за инвеститори и донатори, со цел Македонија да се позиционира како регионален лидер во дигиталниот развој.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top