Македонија

Македонската кула во Едрене повторно отворена како музеј

Кулата наречена така бидејќи гледа кон Македонија четири години беше предмет на реставрација и на археолошки ископувања

Македонската кула, една од најпознатите знаменитости во северозападниот турски град Едрене, повторно се отвора како музеј по речиси четири години реставрација и археолошки ископувања.

Кулата висока 48 метри е нарачана од римскиот император Адријан за време на неговото владеење од 117 до 138 година од н.е. и е единствениот зачуван дел од античките ѕидини што некогаш го опкружувале градот. Во 1867 година отоманскиот губернатор Хаџи Изет-паша додал дрвени горни нивоа и часовник, а структурата служела како саат-кула со децении.

Реставраторските работи, започнати од турското Министерство за култура и туризам во декември 2021 година, беа спроведени заедно со археолошките ископувања околу локацијата. Околните простори, каде што беа откриени римски и византиски остатоци, се претворени во археолошки парк, а самата кула е трансформирана во Музеј на Македонската кула во Едрене.

Музејот изложува 76 артефакти пронајдени во внатрешноста на кулата и блискиот кварт Калеичи, заедно со повеќе од 100 археолошки предмети изложени низ целиот локалитет, вклучувајќи парчиња зачувани на нивните оригинални локации. Колекцијата ја одразува историјата на локалитетот низ римскиот, византискиот, отоманскиот и републиканскиот период.

Според историските записи, Македонската кула била неречена така бидејќи гледала и била насочена директно во правец на Македонија. Таа била една од четирите главни заштитни кули на античките градски ѕидини кои го бранеле градот Адријанопол, денешно Едрене, од тој правец.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top