Македонија

Почна пријавувањето за 12-тата Coca – Cola дедомразовска трка во Скопје

Пријавувањето е отворено до 24 декември на prvdovrv.mk/dedomrazovska

Отворено е пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска Трка 2026, највеселиот и најпразничниот спортски настан што секоја година ги обединува децата, семејствата и сите љубители на празничната енергија и атмосфера.

Трката ќе се одржи во недела, на 27 декември 2026 година, со старт и цел на плоштадот „Македонија“.
Патеката е долга околу 2 километри што ја прави совршена за деца, родители и рекреативци.

ИНДИВИДУАЛНО И СЕМЕЈНО ПРИЈАВУВАЊЕ

Индивидуалните и семејните пријави се отворени до 24 декември или до пополнување на местата.

Пријавувањето е онлајн, преку prvdovrv.mk/dedomrazovska.

Со рана пријава до 30 ноември, индивидуалниот пакет со дедомразовски костум чини 500 денари, а од 1 декември цената е 600 денари. За учесниците со сопствен костум, индивидуалната пријава чини 300 денари во текот на целиот период. Семејните пакети се достапни со попуст и вклучуваат костум за секој член.

Секој што ќе трча или пешачи мора да биде пријавен, да има свој стартен број и да носи дедомразовски костум. Ова важи и за возрасните што ги придружуваат децата.

Децата под седум години учествуваат во придружба на родител или старател.

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА, МЕДАЛИ И ЛОТАРИЈА

За секое дете до 10 години е предвидено новогодишно пакетче. За да добијат пакетче, децата треба да бидат пријавени до 20 декември, или додека има слободни места.

Тројцата најбрзи дедомразовци и трите најбрзи бабамразици ќе освојат медали и вредносни ваучери од 9.000, 7.000 и 5.000 денари според пласманот.
Свое прогласување ќе имаат и најмалите – првите три момчиња и првите три девојчиња до 10 години ќе освојат медали.

По трката, секој стартен број учествува во новогодишната лотарија. Главната награда е велосипед, а ќе бидат доделени и три ваучери од по 5.000 денари и десет стартни пакети за „Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ 2027“.
Добитниците треба да бидат присутни на извлекувањето и да го имаат својот стартен број со себе.

ПРОГРАМА И ДЕТАЛИ ЗА НАСТАНОТ

Учесниците ќе можат да ги подигнат стартните броеви и костумите на денот на трката, од 10:00 до 12:00 часот. Музичката програма и заедничкото загревање со фитнес-инструктор
започнуваат во 11:30 часот, а трката стартува во 12:30 часот.

Победниците ќе бидат прогласени во 13:00 часот, а новогодишната лотарија започнува во 13:15 часот.
Трката ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ со поддршка од долгогодишните партнери Coca-Cola и Пивара Скопје, како и од Град Скопје.
Организаторот и партнерите ги покануваат сите генерации на 27 декември заедно да ја испратат годината со највеселата трка во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

„Курир“: Уништени бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

Мицкоски: Со два посебни закона до поевтини домови за младите брачни двојки!

Најверојатно ќе одиме со два специјални закони во Парламентот кои што веќе се работат. Министерството за транспорт и мојот кабинет ги работат законите. Првиот закон, во кој што брачните парови до 35 години ќе се стекнат со право да добијат станбен простор кој ќе биде по цена од 20 % пониска од онаа просечната, пазарската, во таа катастарска општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

To top