Македонија

(Фото): Македонската навигација стави во употреба нов систем за посигурно небо

Македонската навигација (М-НАВ) пушти во употреба нов систем за управување со воздушниот сообраќај, кој треба да ја зголеми безбедноста и да им го намали оптоварувањето на контролорите во услови на зголемен број летови над Македонија.

Македонското небо добива нова технологија за управување и контрола на воздушниот сообраќај. Македонската навигација стави во употреба нов систем, а до крајот на септември се очекува во функција да биде и новиот радар инсталиран на контролната кула во Скопје. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, рече дека со двата системи се подигнува нивото на безбедност во управувањето со македонскиот воздушен простор.

Дополнително, во 2025 година бил поставен и нов радарски систем на контролната кула во Скопје, кој, според Николоски, се наоѓа во завршна фаза на тестирање.

  • „Со воведувањето на овие два система – АТМ системот и новиот радар – целосно го покриваме македонското небо на највисоко ниво што во моментот во светот може да се најде во контролата на безбедноста“, порача Николоски. 

Од М-НАВ велат дека новиот систем не претставува само замена на опремата, туку ќе обезбеди постабилна технолошка основа за понатамошниот развој на воздухопловната навигација.

  • Со новиот систем пред сè ја стабилизираме М-НАВ како давател на услуги и обезбедуваме поголемо ниво на сигурност, а ова е особено важно кога воздушниот сообраќај на македонското небо бележи енормен пораст. Една од важните придобивки е и намалување на оптоварување на контролорите на летање. Со подобра автоматизација, презентација и обработка на податоците и современите алатки кои се користат при рутинските работи на контролорите на летање, се создаваат условите поефикасно и побезбедно истите да се справуваат со воздушните операции. Тоа директно влијае на зголемување на капацитетот на македонскиот воздушен простор – појасни Владимир Ристески, претседател на УО и Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација на денешната прес-конференција.

Значењето од новата опрема е уште поголемо ако се земат предвид бројките дека има над 12% раст во првите шест месеци од годинава, во однос на 2025 на бројот на прелети над македонското небо. Министерот дополни дека бројот на патници ќе расте, оти само во првите шест месеци од 2026, над воздушниот простор на Македонија се извршени околу 173 илјади летови. Само во јули се регистрирани околу 42 илјади летови.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top